(ФОТО) Вечерва во Ротердам на „Песна на Евровизија“ се одржува првото полуфинале: Гарванлиев настaпува шести

Вечерва во Ротердам ќе започне 65. издание на „Песна на Евровизија“. Директниот пренос од првата полуфинална вечер е на МРТ од 21. часот.
Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапи вечерва,на првото полуфинале на изборот на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија шести по ред.

loading...

Васил вечерва ќе ја отпее песната „Here i stand“. Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале и тоа Латвија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина, Малта, Германија, Италија и Холандија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)


Настанот оваа година ќе се одвива по строги правила, кои ги наложи владата на Холандија. На првото и второто полуфинале, вечерва и во четврток, како и на финалето во сабота ќе присуствуваат 3500 гледачи, со негативен ковид-тест, што е 20 отсто од капацитетот на салата „Aхој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

За гледачите кои навикнаа да гледаат море од знамиња во публиката и да ги следат учесниците во „зелената соба“ како се прегрнуваат и слават, годинешното издание ќе биде поинакво. Изведувачите ќе под строги правила кои ги издаде холандската влада.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Светот останал без зборови: Дизајнерите на речиси голата Бела Хадид во живо насликале фустан!

А на Модната недела во Париз во рамките на ревијата на Coperni се случил вистински …