Последици од елиминирање на бананите од исхраната

Бананата може да биде основна состојка во десерти, смути или каша, а сама по себе е одлична како ужинка после тренинг.

Нутриционистите истакнуваат дека е богата со калиум, магнезиум и витамин Ц како основни хранливи состојки што му се потребни на вашето тело.
Следејќи ги принципите на диета без јаглени хидрати, поединците ги елиминираат бананите од менито и со тоа директно влијаат на нивното здравје, пишува Eat This Not That.
Прашањето е, што може да се случи во вашето тело ако ги елиминирате бананите од вашата исхрана?

Нарушен имунитет
Бананите, а особено незрелите банани, се одличен извор на отпорен скроб. Има пребиотичко дејство, што значи дека ги храни добрите бактерии во цревата. Ако престанете да јадете банани, на добрите бактерии им ја оневозможувате храната што им е потребна за да живеат.
Според истражувањето објавено во списанието „Frontiers of Immunology“, доволен внес на пребиотички влакна го зајакнува имунитетот. Но, со елиминирање на таква храна, го ослабувате вашиот имунитет.

Тешко опоравување по вежбање
Ако сакате ефикасно да вежбате и да избегнувате протеински плочки или спортски пијалоци, јадете банана. Просечната банана содржи околу 517. милиграми калиум, што е 11. проценти од препорачаната дневна доза на тој минерал, чиј недостаток е поврзан со грчеви во мускулите.
Студија објавена од „PLOS One“ открива дека бананите се ефикасни во намалувањето на воспалителните процеси после вежбање и помагаат во зголемување на лачењето на допамин кај спортистите после вежбање подобро од пијалоците наменети за закрепнување.

Почесто сте гладни
Можеби мислите дека отстранувањето банани од менито ќе го намали вишокот тежина, но за многумина има спротивен ефект.
Студија објавена во „Journal of Functional Foods“ покажала дека скробот кој го содржат бананите, кој испитаниците го консумирале пред оброците резултирало со 14 процентно намалување на вкупниот внес на калории. Со внесувањето на зрели банани, овој хемиски процес е помалку веројатен, но бананите сепак помагаат во слабеењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Брачен пар од Србија починал од корона: Одбиле да одат во болница а синот на докторите им рекол дека ќе ги излекува со печено прасе!

Синот донел постар пар, татко му и мајка му, на преглед во клиниката за „Ковид“ …