Лажлива пролет: Еве какво време не очекува во наредните 5. дена!

Сите и се радувавме на пролетта, но се чини дека оваа година имаме лажлива пролет. Сите метеоролошки прогнози наведуваат дека оваа пролет ќе изобилува со многу врнежи, ветер и пониски температури.
Еве што најавува УХМР за наредните 5. дена
Денес во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.Дневните температури ќе се движат од 13. до 27. степени на југот од земјата.
За утре (среда) се најавува ончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во западните делови засилен ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7. до 12., а дневните од 17. до 29. степени.
Во четврток умерено до значително облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.Минимална температура: 5°C до 12°C. Максимална температура: 16°C до 24°C.
Во петок претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Минимална температура: 4°C до 11°C. Максимална температура: 15°C до 23°C.
За сабота се најавува сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минимална температура: 3°C до 10°C.
Максимална температура: 20°C до 28°C.

Со оглед на непредвидливите температури како и најави за ветер и дожд најдобро е од дома да не излегуваме без чадор и џемпер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ:74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во …