Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата во Рим против Рафаел Надал.
Првиот рекет во светот бил задоволен од играта што ја покажа на решавачкиот дуел во „Вечниот град“, иако на крајот не го подигна трофејот.
„Среќен сум што играв против Надал. Тоа е најголемиот предизвик во светот на тенисот и мило ми е што ги измеривме силите пред Ролан Гарос. Лесно можеше да се случи да ме елиминираат во четвртфиналето. Задоволен сум од мојот борбен дух, мојата игра. Вчера беше одлично, мислам дека бев на високо ниво и во финалето“, рекол Ѓоковиќ.
Новак имаше брејк во првиот сет, во петтиот гем од третиот сет промаши три брејк топки. Сè можеше многу лесно да отиде на негова страна.

„Немав среќа во одлучувачките моменти ниту во првиот ниту во третиот сет. Прво, на 2:2 во третиот сет, не реализирав три брејк топки. Во следниот, сервирав со излитени топки од незгодната страна. Сите овие се некои работи што влијаат. Сепак, искрено, и покрај поразот, задоволен сум. Ако пружам ваков тенис во Париз, имам шанса да одам до самиот крај“.
Ѓоковиќ требаше да ги одигра четвртфиналниот и полуфиналниот натпревар претходниот ден. На прашањето дали е уморен, тој одговори.
„Физички се чувствував одлично. Немав апсолутно никакви проблеми и сè уште можев да играм“.

Новак сега има една недела пауза, а потоа доаѓа на натпреварувањето во неговиот роден град, една недела пред Грен слемот во Париз.
„Следниот турнир е во Белград. Се надевам дека ќе успеам да стигнам до титулата таму. Гледам во одлично расположение на следните предизвици. Јас сум на вистинскиот пат. Ја најдов играта, само уште малку да ја подобрам за Ролан Гарос. Верувам дека ќе одам во добро расположенит во Париз“, истакнал Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве што прави Златан додека Шведска е на Евро: Погледнете го видеото од 4. милиони лајкови!

ШВЕДСКА одлично турка на Евро без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од …