СМРТОНОСНА ЛИСТА: Овие 5. работи УБИВААТ како и пушењето, а ги правиме секој ден

Свеста за штетноста од пушењето станува се пошироко распространета на глобално ниво, но модерното време се карактеризира со фактори кои постепено го поместуваат пушењето од врвот на списокот на смртоносни навики, предупредуваат американски научници.
Еве 5 работи што нè убиваат, а ние ги правиме секој ден:

Осаменост
Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за вашето здравје, како и другите работи на врвот на „смртоносната“ листа.
Социјалните мрежи и се’ помалку социјалното дружење „во живо“ со пријателите и колегите доведоа до тоа осаменоста да добие неверојатни размери.
Професорот по психологија на Универзитетот Бригам Јанг, Џулиен Холт Лунстад, вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е како индивидуа да пуши 15. цигари на ден.

Седечки начин на живот
Седечкиот начин на живот во текот на денот го зголемува ризикот од развој на неколку видови на рак, покажа студија од 2014. година.
На секои дополнителни два часа седење се зголемува ризикот од рак на дебелото црево, рак на ендометриумот, рак на белите дробови, без оглед на тоа дали поединецот вежба преку ден.
Дури и со редовно вежбање, седењето повеќе од осум часа на ден го зголемува ризикот од разни здравствени проблеми.

Недостаток на сон
Американски научници откриле дека 50. до 70. милиони луѓе во Соединетите држави страдаат од нарушувања на спиењето. Недоволна количина на сон, предупредил професорот Валери Гафаров од СЗО, го зголемува ризикот од мозочен удар и срцев удар во иста мера како и дневното пушење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …