Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско време да го пробате и да видите зошто е еден од најпопуларните козметички производи веќе неколку години.
Путерот е растително масло кое е цврсто на собна температура и се топи на температурата на телото. Обично има егзотичен мирис и претставува ризница на масни киселини, антиоксиданти и витамини, па како коктел со состојки и обезбедува на кожата сјај, свежина, мекост и нежност.

Најпознати се путерот од какао, ши или карите и манго путер, а колку путерот неодамна стана интересен за потрошувачите, сведочи и фактот дека на пазарот има сè повеќе што не се добиваат директно од растителни семиња, туку се создадени од додавање на некое масло од друг путер, восок и слично.

Значи, можеме да сретнеме путер од маслинки, лаванда, фстаци, бадем, тиква, авокадо, алое и други. Иако тие се деривати создадени со мешање на различни текстури, тие не се помалку квалитетни од чистиот путер.

Путерот е производ кој ја смирува кожата, и дава заштитна улога, ја навлажнува и омекнува и скоро секогаш содржи некои лековити состојки.
Благодарение на своите хидрантни својства, ши путерот се користи за сува кожа, како и за проблеми како што се чешање, псоријаза, егзема, дерматитис, задебелување и пукање, а исто така е одличен и за испукани усни. Исто така, помага при разни алергии, каснувања од инсекти, изгореници, иритации од бричење.

Карите путерот ја подмладува кожата и ја враќа нејзината еластичност, бидејќи е антиоксиданс помага во борбата против слободните радикали, а поради неговата исклучителна способност да продира, може дури и да ја смири болката во зглобовите. Добро е за секој тип на кожа, дури и мрсна затоа што не ги затвора порите. Ши путерот е природен штит од сончевото зрачење и има заштитен фактор 6.

„Карите“ инаку значи „дрво на животот“

Какао путерот се добива од печени семиња од растението какао и е богат со витамини А, Б1, Б2, Б3, Ц и Е и антиоксиданси. Длабоко ја храни кожата и ја штити од оштетување предизвикано од слободните радикали. Се препорачува за егзема, дерматитис и стрии. Со светло-беж боја е и мириса на чоколадо, додека во прехранбената индустрија се користи за правење.
Тој е дел од разни лосиони, сапуни, креми за тело, балсами и кармини и на сите им дава прекрасна арома.

Путерот од манго се добива со притискање на семките од плодот манго. Има светло жолта боја, полу-цврст е на собна температура и се топи со неверојатна брзина во контакт со кожата. Има убав, егзотичен мирис, погоден е за постара кожа затоа што ги намалува брчките и ефикасно ги отстранува лузните од стрии и акните и ги штити од УВ зрачење. Покрај тоа, помага при каснување од инсекти, ги ублажува изгорениците и болката во мускулите.

Кокосовиот путер, или маслото, исто така е честа состојка во лосионите и кремите за тело. Фановите на „домашна“ козметика го обожаваат бидејќи лесно се меша со состојки за правење домашни креми и мелеми, а се размачкува и апсорбира исклучително убаво.

Путер од ши
Ши путерот има најголем спектар на дејствување, кој се добива од оревестите плодови на дрвото ши, кое расте во Централна и Западна Африка. Ова дрво своите први плодови ги дава по 25 години, а достигнува целосна зрелост дури на педесет години, па затоа е строго забрането неговата сеча во Африка, додека производството на ши путер е од големо значење за овој континент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …