ЕВРОВИЗИЈА 2021: Eксклузивен оброк од Тери Прием за Васил Гарванлиев – инспириран од македонските вкусови

Васил Гарванлиев беше единствениот учесник на овогодинешното издание на фестивалот кој имаше ексклузивна можност да го вкуси македонскиот оброк на Тери Прием, но во варијанта без месо…
Врвниот шеф Тери Прием ги обедини вкусовите на Евровизија во книгата со рецепти „Вкусот на Ротердам“. Книгата содржи 41 рецепт, секој еден карактеристичен за земјите учеснички на фестивалот. Авторот ја опишува книгата како микс на Евровизија и малку „Ротердам сос“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

На Северна Македонија авторот и посвети тартар бифтек со ајвар, а Васил Гарванлиев беше единствениот учесник на овогодинешното издание на фестивалот кој имаше ексклузивна можност да го вкуси македонскиот оброк на Тери Прием, но во варијанта без месо.
Во знак на благодарност Васил Гарванлиев на Тери Прием му подари лозова ракија, како карактеристичен вкус од Македонија.

Извор: mrt.com.mk

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИ БРАНУВАЊА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ПРЕД ПРИКАЖУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА ЛЕЈДИ ДАЈАНА: Во потресна исповед на близок пријател откриени детали од нејзиниот последниот разговор

Последниот повик на принцезата Дајана пред нејзината трагична смрт го открил еден нејзин близок пријател. …