ЕВРОВИЗИЈА 2021: Европската јавност за Васил Гарванлиев – „Учиме многу од тебе!“

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара.

Овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев веќе е во Ротердам, Холандија подготвувајќи се за настапот на престижниот музички фестивал. Сѐ уште под импресии од првата проба која се случи на 8-ми мај, а во пресрет на втората која е закажана за денес, 12-ти мај, издвојуваме дел од поентите со кои Гарванлиев ја освои европската јавност при првата официјална прес- конференција во склоп на Евровизија 2021.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Чувството по пробата го опиша како емотивно и особено силно затоа што по толку долго време е повторно на сцена. Песната, вели, е инспирирана од неговиот живот и ги слави успесите и достигнувањата. Песна која ги обединува сите и песна со која секој може да се поврзе затоа што сите минуваме низ многу низ животот, но доаѓа момент да си признаеме за постигнатите успеси и да се гордееме со себе.

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара.

„Многу ми е драго што имав комплетно евровизиско искуство. Но, досега, со оној бран на емоција, љубов, поддршка, чувствувам нешто многу посебно овој пат“ – опишува тој.

Домаќинот на прес- конференцијата истакна дека техничката комплексност на песната е очигледна, по што Гарванлиев ја нарече „ѕверка“.

„Во принцип, единствениот дел каде што не пејам се оние дванаесет секунди кога пејат придружните вокали. Тоа е песна која се надградува, почнува бавно, станува многу голема, па тивка и за крај – големиот финиш. Многу технички елементи. Самата изведба е многу сложена, заедно со ефектите кои ги видовте“ – дополни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Нарекувајќи се перфекционист, Гарванлиев смета дека треба уште работа за клучните елементи на настапот да бидат усовршени.

„Сакаме да ја претвориме темнината во светлина“ – порачува Гарванлиев и објаснува дека токму тоа е функцијата на огледалата и златните светла во склоп на сценскиот настап. Инспирирани од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан се лепи со злато, Гарванлиев и сценската режисерка Тине Матулеси преку настапот се обидуваат да го доближат преносното значење до публиката.

„Како што реков, златото е инспирирано од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан залепен со злато станува уште поубав. Така започнува песната. А, огледалата ги користиме за да ја претвориме темнината во светлина. Ќе се обидувате да не скршите и потиштите, но нема да ви дозволиме“ – заокружува.

За крај, Васил ја воодушеви европската јавност со својата сталоженост, фокусираност и темелна посветеност на работата и домаќинот на прес- конференцијата токму тоа и го посочи со зборовите „Учиме многу од тебе“.

Meet & Greet North Macedonia from Eurovision Song Contest 2021 on Vimeo.

Фото: Принтскрин/Vimeo

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …