Десетта титула на Надал во Рим

Рафаел Надал го освои Мастерсот во Рим со победа против најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во три тешки сета 7:5, 1:6. 6:3.
Со победата против Ѓоковиќ, Надал ја освои титулата во Рим по десетти пат во кариерата. Натпреварот траеше скоро три часа, при што видовме се што треба да им обезбеди на гледачите врвен тениски натпревар.
Новак прв стигна до брејк во првиот сет, но Рафа одговори веднаш и во самиот финиш на сетот искористи неколку грешки на Ѓоковиќ за да дојде до нов брејк, по што со својот сервис потврди дека го доби првиот сет.
Одговорот на Ѓоковиќ беше брутален – со два брејка, Новак го доби вториот сет со резултат 6:1.

Најдобриот тенисер во светот имаше две брејк топки за прв да стигне до брејк во третиот сет, но не ги искористи. Се чини дека тоа му даде многу сила на Надал и само ја засили неговата желба за победа. Тој врза неколку одлични поени, направи брејк со нула, го потврди и дојде до победа на свој сервис.
Во меѓусебните натпревари, Ѓоковиќ сепак има победа повеќе од Надал (29:28), а според бројот на освоени титули на Мастерсот, двајцата играчи сега се изедначени на 36.

Ова е 89-та титула на Шпанецот во неговата кариера, Новак засега останува на 83 години.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве што прави Златан додека Шведска е на Евро: Погледнете го видеото од 4. милиони лајкови!

ШВЕДСКА одлично турка на Евро без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од …