Германски вирусолог порачал дека вирусот нема да не напушти: „И’ догодина ќе мораме да се вакцинираме!“

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, вчера изјавил дека е многу веројатно дека сите ќе треба да се вакцинираат следната година против ковид 19.
Мертенс за новинската група „Фанке“ изјавил дека во моментов нема информации за тоа кога ќе бидат потребни дополнителни „засилувачки дози“, а здравствените експерти ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата на коронавирусот е слаба кај одредени групи на луѓе.
Тој додал дека „вирусот нема да не пушти“ и дека вакцинациите што се во тек нема да бидат последни.
– Во принцип, ние мора да се подготвиме за можноста сите да треба да бидат имунизирани и следната година – рекол Мертенс.
Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија или 36,5 проценти од населението, примиле барем една вакцина до петокот.
Повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од населението, биле реакцинирани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖИВОТ НА РАБОТ – ХОТЕЛ САМО ЗА ОНИЕ СО ЧЕЛИЧНИ НЕРВИ: Буквално спиете на провалија, но само ако успеете да стасате дотаму!

Овој хотел не е за оние со слабо срце! Natura Vive Skylodge, сместена во предградието …