(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. Сепак, сватовите на свадба во еден српски регион решиле да го подигнат тоа на ново ниво, па наместо пушка, тие не користеа ништо помалку од -зоља!
Видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, ја покажува свадбената веселба и сватовите собрани во дворот, а потоа маж извлекува зоља.
Го погодил јаболкото, но не успеа да го симне.

Зоља е рачен фрлач на противтенковски ракети од 64 мм, наменет за единечна употреба. Произведен е во поранешна Југославија и сè уште се произведува во Република Србија и Северна Македонија. Секако, тоа е опасно оружје на кое не му е местото на свадба.
Свадбениот обичај што ги забавува сите гости на свадбата е свекорот, а некаде кумот да носи пушка и пука во јаболко на дрво пред куќата на невестата кога невестата и младоженецот ќе дојдат да ја земат. Традицијата диктира дека не може да се земе невестата додека не се отстрани јаболкото од дрвото.
Јаболкото се гаѓа, со цел младоженецот да ги докаже своите способности со пукање со пушка, за да покаже дека е способен да ја чува и заштитува својата сопруга и идното семејство. Ако не успее да го „собори“ јаболкото од прва, го гаѓа се додека не го погоди, бидејќи додека не успее, не може да ја земе невестата.
Овој обичај може да го загрози нечиј живот. Еден човек бил ранет во село во близина на Ужице кога бил погоден во двете нозе од истрел од ловџиска пушка во дворот пред куќата за време на свадбената веселба. Тоа се случило во април 2018. година.

Foto: Printscreen/YouTube/BeHa Tubers

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …