(ВИДЕО) Луксузните автомобили на Роналдо се селат од Торино

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во Јувентус.
За ова во последниве недели се повеќе се пишуваше и зборуваше од сигурни извори, а од Италија доаѓаат вести кои ја поддржуваат оваа теза.
Имено, синоќа во Торино било снимено како скапите автомобили на легендарниот фудбалер се товарат во специјални камиони, по што тие заминаа во непознат правец.
Роналдо е познат колекционер на луксузни автомобили, а својата колекција ја донесе од Мадрид во Торино кога го смени Реал летото 2018. година со Јувентус со обештетување од 120. милиони евра.
Тој поседува два Бугати, Мекларен Сена, Ферари Ф12 ТДФ, Мерцедес Г-класа Брабус а минатата недела купи Ферари Монца СП2 за 1,6 милиони евра. Неговите автомобили вредат околу 7,5 милиони евра.

На снимката може да се види Роналдо кој го следи товарењето на автомобилите.

Досега тој одигра 132. натпревари за Јувентус и постигна 101. гол, последниот за победата над Интер (3:2) за време на викендот, што ја одржува шансата на Јувентус да се пласира во Лигата на шампионите пред крајот на првенството.
Сепак, Јувентус го загуби Скудетото оваа сезона, по девет последователни титули. Го предаде на Интер. Покрај тоа, рано испадна од Лигата на шампионите, во која сега виси неговиот пласман.
Поради сето ова, се очекува заминување на тренерот Пирло, како и обновување на тимот, во кое би влегле ветеранот и најскапиот играч, кого Јувентус го плаќа 30. милиони евра по сезона.

Фото: Принтскрин/persemprecalcio.it

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …