(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ на американски новинар му ја „поправила“ пофалбата за Рафа

Сопругата на најдобрата тенисерка на светот, Јелена Ѓоковиќ се огласила на социјалните мрежи по победата на Новак во полуфиналето на турнирот во Рим.
Таа го поддржувала Новак, но имала порака и за американскиот новинар Кристофер Клири.
„Надал (именка). Шпански тенисер кој ќе се бори без оглед на резултатот и кој главно ќе најде начин да победи“, напишал Кристофер.
Имајќи предвид како Новак се пласираше во финалето, по два меча на ден, епски пресврти, време беше да се поправи ова.
„Додади тука уште една именка, те молам. Ѓоковиќ (именка), српски тенисер кој ќе најде начин да победи, без оглед на публиката или резултатот. Има место за повеќе од една. Горда сопруга“, напишала Јелена Ѓоковиќ.
Новак и Рафа ќе се сретнат денес во 17. часот.
Новак во саботата ги победи Циципас и Сонега со по 2:1 во сетови, додека Рафа ги победи Рајли Опелка со 6: 4, 6:4 и овој дуел го чека поодморен.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …