Секој живот е важен: Фотографија која го обиколи светот и никого не остави рамнодушен

Оваа фотографија веќе долго време кружи на социјалните мрежи, го обиколи светот и не остави никого рамнодушен. Кој би помислил дека фотографијата е од пред 34. години, направена е во 1987. година, во градот Забша во Полска.
Забележан е моментот по 23-часовна операција, трансплантација на срце. Замислете 23. часа во најинтензивна напнатост на рацете, нозете и целото тело бидејќи дури и со најмала грешка, пациентот може да изгуби живот. Во тоа време сè уште немало високо прецизна опрема која би ја контролирала работата на лекарите. Операцијата ја извршил високо квалификуван специјалист, полскиот кардиохирург Збигњев Релига.
На виралната фотографија, тој седи видливо уморен и ги набљудува параметрите за тоа како функционира новото срце на пациентот. Ден по почетокот на операцијата, тој чувствува голема одговорност кон себе. Ако погледнете внимателно, неговиот уморен асистент спие на десната страна во другиот агол.


Човекот што лежи на операционата маса е професорот Тадеуш Зхиткевич. Во 1987. година, тој имал акутен застој на срцето, а дотогаш веќе имал три срцеви удари. Тој веќе имал околу 60. години и сите лекари на кои им се обратил за помош тврделе дека на таа возраст човек не може да издржи толку комплицирана операција. Но,Зхиткевич веќе не можел да оди и затоа на д-р Религи му напишал само три реченици:
– „Јас сум професор. Имам болно срце. Ве молам, помогнете“.
И’ докторот се согласил да му помогне. „Те молам, дојди“, одговорил тој.
Операцијата е успешно завршена
Професорот поживеал уште 30. години по операцијата и го напуштил овој свет на 91. година, надживувајќи го својот лекар. Починал во септември 2017. година.
Д-р Збигњев Релига живеел 70. години, починал во 2009. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ова е новата куќа на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Има теретана и 24 бањи

Долго време бараа куќа од соништата, се пишуваше за купување неколку вили, но дури сега …