(ВИДЕО) Совршена игра и за 48 минути до титулата во Рим

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот во Рим. Во финалето, таа ја победи Каролина Плишкова со 6:0, 6:0.
Натпреварот траеше само 48 минути, а на турнирот во Рим, никој досега не славел со тој резултат во историјата.

Полјачката е 15-та тенисерка во светот, а доминацијата во финалето не ја спречи фактот дека во саботата играше и четвртфинален и полуфинален дуел.
Тоа е прва титула за Ига од Премиер серијата.
Во првиот сет, Швјонтек загуби само четири поени, што целосно ја деморализираше Чехињата.

Полската тенисерка доминираше и во вториот сет, таа лесно стигна до три брејка и не и препушти ниту еден гем на својата противничка.
Швјонтек е победник на Ролан Гарос од 2020 година, и ова ќе послужи како голема увертира за Грен слемот на земја.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве што прави Златан додека Шведска е на Евро: Погледнете го видеото од 4. милиони лајкови!

ШВЕДСКА одлично турка на Евро без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од …