(ВИДЕО+ФОТО) Џеј Ло ја потврдила врската со Бен: Најдраг и е албумот кој го посветила на својот дечко Афлек

Додека нејзиниот поранешен свршеник страда за неа, латино дивата целосно ја поминала целата драма. Таа и се вратила на поранешната љубов, актерот Бен Афлек
Пред 19 години, актерот Бен Афлек (48) и пејачката Џенифер Лопез (51) ја објавија својата свршувачка. Истиот месец Лопез го издаде својот трет албум ‘This Is Me … Then’. Во меѓувреме, свршувачката беше откажана, двајцата се венчаа, се разведоа, а поп-sвездата објави уште пет албуми.
Сега, 17 години откако раскинаа, „Бенифер“ е повторно заедно. По неколку дена дружење, тие поминаа една недела на романтично бегство во Монтана.

– Се слушаат секој ден и планираат да се видат повторно. Џенифер е многу возбудена за тоа како се одвиваат работите со Бен – изјавил анонимен извор за „People“.

Додека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез (45) се обидува повторно да дојде до Џенифер и се чувствува повреден бидејќи ги занемарув неговите пораки, пејачката се фокусирала на нејзината обновена љубов со оскаровецот.

– Сите албуми се посебни за мене, но ‘This Is Me … Then’ ми е омилен – напишала таа во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …