(ФОТО) ТАКА Е ВЕЌЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ: Гејтс се крие во својата вила, во луксузното одморалиште не е сам – на колегите од голфот им признал каков му бил бракот!

Основачот на „Мајкрософт“ се повлекол во луксузната вила во голф центар во Калифорнија.
Таму тој се „крие“ од јавноста откако беше објавено дека се разведува од сопругата Мелинда по скоро три децении заеднички живот и три деца, каде наводно им се пожалил на своите пријатели голф дека неговиот брак е без љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

Кога парот го објави разводот на 3. мај, Бил Гејтс веќе бил во луксузниот кантри клуб „Винтиџ“ во Индијан Велс, каде што е сопственик на вила, а извори велат дека 65-годишниот милијардер се пензионирал таму пред неколку месеци.
– Бил јасно виде дека разводот се подготвува веќе некое време, бидејќи тој е тука околу три месеци – изјавил изворот на „Пејџ Сикс“.
Луксузно одморалиште
Основачот на „Мајкрософт“ оваа недела бил забележан во луксузен голф кантри клуб со неговата 25-годишна ќерка Џенифер и нејзиното момче Најел Насар, египетски милионер.
– Тоа е совршено место за Бил да се скрие од сите што сакаат да го прашаат за развод или наводни врски со (педофилот Џефри) Епштајн – рекол изворот.

Гејтс, потсетува „Бизнис Инсајдер“, купи купил вила со шест спални соби во зоната на одморалиштето Винтиџ за 12,5 милиони американски долари во 1999. година. Винтиџ клубот зафаќа површина од 26.200 квадратни метри и содржи спа центар, два терени за тенис и терен за голф. На веб-страницата на клубот пишува дека тоа е „една од најпрестижните и ултра-ексклузивни заедници на приватни клубови во САД“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …