Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…
View this post on Instagram
Хали Бери е една од најценетите холивудски глумици, освоила бројни награди и најпозната е по со Оскарот наградената улога во филмот „Бал на чудовишта“.
Она што некои од нејзините обожаватели не знаат е дека таа има дијабетес.
Во текот на снимањето на ТВ серијата „Living Dolls“ во 1989. година глумицата се онесвестила и итно била префрлена во болница. Влегла во дијабетичка кома и била без свест една недела. Кога Хали се разбудила лекарите и рекла дека има дијабетес тип 1. што значи дека е зависна од инсулин. Ќе мора потполно да ја промени исхраната, да го проверува шеќерот во крвта неколку пати дневно, и ќе си става инсулин кога е потребно.Лекарите исто така и кажале и за компликациите кои можат да произлезат од таа состојба, како што се губење на видот, затајување на бубрезите и кардиоваскулрни болести.
View this post on Instagram