(ФОТО) „ВРАТИ СЕ ВО АНГЛИЈА!“: Британскиот принц ги разгневил Американците!

ПРИНЦОТ Хари оваа недела започнал уште една контроверзност откако го критикувал уставното право на САД на слобода на говорот, Првиот амандман.
За време на појавувањето на подкастот од холивудскиот актер Дак Шепард наречен „Експерт за фотелји“, принцот – кој откако се повлече од кралската функција сега живее во Калифорнија – рекол: „Имам многу да кажам за Првиот амандман. Сè уште не разбирам, но тие се луди“.
Овој коментар разлутил многу Американци кои се прашуваат зошто принцот Хари живее во САД ако не го цени и не го почитува нивниот Устав.
„Да, знаеме дека не го разбира, неговото семејство е причината што тој постои“, рекол еден американски корисник на социјалните мрежи, додека друг го советувал принцот да му одржи „лекција за американската историја“, истакнувајќи дека Американската револуција се случила со цел да ги „ослободи од Британците и да добијат слобода“.

Иронично, при истото појавување во шоуто, принцот Хари го критикуваше водителот на подкасти Џо Роган за непромислено изјавување дека младите, здрави луѓе не треба да се вакцинираат против ковид 19.
Принцот предупредил дека „во денешниот свет, со дезинформации што се само ендемични“, луѓето „мора да внимаваат што ќе кажат“. Издвојувајќи го Роган по име, тој рекол дека славните треба само „да се држат настрана од тоа“ и воопшто да не кажуваат ништо ако немаат ништо корисно да кажат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dax Shepard (@daxshepard)

Принцот Хари стана контроверзна фигура откако минатата година се повлече од кралските должности со неговата сопруга Меган Маркл, војвотката од Сасекс.
Од нивното заминување од кралскиот живот, двојката се пресели во Калифорнија и потпиша мултимилионски договори со Нетфликс и Спотифај, лансираше сопствен подкаст и учествуваше во телевизиско интервју со Опра Винфри – збеснувајќи ги Британците и Американците.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …