Како до РАМЕН СТОМАК? Едноставно: Вметнете ги овие пет намирници во вашата исхрана и ОЧЕКУВАЈТЕ ги резултатите!

Потполно рамен стомак со плочки ќе добиете со вежбање, но пред тоа, еве како да го истенчите…
Многумина од нас, особено во зрелите години, се борат со „перница“ околу стомакот што не можеме ниту да ја скриеме, а камоли да ја истенчиме и изгубиме. Иако вежбањето е клучот за успехот, ќе ви биде многу полесно да достигнете рамен стомак откако прво малку ќе го истенчите, а потоа започнете со едноставни вежби.
Ви донесуваме пет намирници кои можат да ви помогнат, заедно со здрава доза на вежбање.
Банана – ја намалува надуеноста и помага во исфрлање на вишокот вода од телото и го прави токму она што ви треба за да се ослободите од незгодното „перниче“.


Брокула – полна е со растителни влакна со многу малку калории, па по мало почетно чувство на надуеност, ќе ви даде ситост подолг временски период.
Јајца – богати се со протеини со дополнителни состојки кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави идеална храна за секојдневно консумирање, особено за појадок.
Јогурт – нема загуба на „појасот“ околу стомакот без редовно и доволно внесување на калциум, а овој пијалок е идеален за оваа задача, бидејќи исто така ќе ја поттикне здравата работа на варењето со пробиотиците.
Зелен чај – покрај тоа што е полн со антиоксиданси, помага да се изгубат масните наслаги на желудникот, токму оние кои најтешко се губат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СУПЕР ХРАНА: Намирници кои сами ги топат килограмите – без строга диета!

Храната со висок процент на вода ќе влијае да се чувствуваме сити долго време Ако …