(ВИДЕО) ЧЕСТИТАЛ И СИ ЏИНПИНГ: Кинеската сонда слетала на Марс

КИНЕСКО вселенско летало денес успешно слета на површината на Марс, со што Кина стана втора земја по САД што го стори тоа.
Tajnven-1 го спуштил роверот на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија, и станал првото кинеско вселенско летало на таканаречената Црвена планета, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

По тој повод, кинескиот претседател Си Џинпинг испратил честитки до сите вклучени во оваа историска мисија.
На роверот Џуронг, именуван по стариот Бог на огнот, му требале повеќе од 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на земјата оддалечена повеќе од 320. милиони километри, а неговата задача е да ги проучува почвата и атмосферата на планетата.
Кина, исто така, стана третата земја, по Советскиот сојуз и Соединетите држави, што спушти ровер на Марс, но втората што го стори тоа успешно, бидејќи врската со советската сонда беше изгубена неколку секунди по слетувањето.
Во 2019. година, Кина стана првата земја што спушти сонда на малку истражената крајна страна на Месечината, а во декември таа донесе карпи од Месечината на Земјата, што беше првпат некој да го стори тоа од 1970-тите.
Пекинг планира и други амбициозни проекти кои вклучуваат воспоставување вселенска станица до 2022 година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Крш и лом на патот: Бркањето на три Ферари завршило со „тоталка“

ЗА ТРИ, Ферари тоа било последното возење пред отписот. Годишниот собир на суперспортски автомобили наречен …