(ВИДЕО) Реал подготвил замена за Зидан, кој е психички скршен!

Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е една од работите што ја интригираат јавноста од ден во ден, а шпанската „Марка“ крена голема прашина со изданието оваа сабота.
Медиумите во Шпанија со денови известуваат дека францускиот стратег ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, без оглед дали на крајот ќе ја освои титулата во Примера.
Истата информација сега ја дава „Марка“, но тие додаваат дека Зидан е психички и физички скршен, и дека Реал има подготвена замена.
Него се очекува да го наследи Раул Гонзалес Бланко, поранешен напаѓач и рекордер на Реал Мадрид, кој во моментов работи успешно во Реал Кастилја (Реал Мадрид Б).

Овој викенд, Раул ќе се обиде да го врати тимот во професионалниот фудбал, а поминаа девет години од последниот пласман на Кастилја во повисок ранг.
Шалке исто така го бараше Раул во средината на сезоната, во која помина две сезони откако го напушти Мадрид, но Шпанецот ја одби таа понуда за да остане во системот на „кралевите“.
Неговиот прв забележителен рекорд беше освојувањето на Лигата на шампионите на УЕФА за играчи до 19. години минатото лето, и ова е прв пат „кралевите“ да го освојат овој трофеј во историјата на клубот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонците триумфираа со „еден-два” победа на интернационалната FIA CEZ трка на Twingo CUP во Гробник

Фантастични интернационални резултати забележаа македонските Twingo CUP возачи изминатиов викенд. Демонстрираа квалитет, успеаа да се …