(ВИДЕО) Преслушајте ја официјалната песна за Европското првенство во фудбал

За нешто помалку од еден месец, на 11. јуни, ќе започне уште едно Европско првенство во фудбал. Овој шампионат, на кој ќе учествуваат 24. репрезентации од Стариот континент, ќе се одржи за прв пат во дури единаесет европски земји.
Штотуку е објавена официјалната песна на овој натпревар, снимена од популарниот холандски диџеј и продуцент Мартин Герикс во соработка со Боно и Еџ од групата У2. Песната се вика We Are The People, а овие зборови можеме да ги слушнеме во нејзиниот химнички рефрен, што го пее Боно полн со оптимизам.


„Да се ​​направи музика за еден од најголемите спортски настани во светот со Бон и Еџ беше неверојатно искуство“, рекол Мартин Герикс, додавајќи: „Јас сум многу горд на она што го направивме и возбуден сум што конечно може да ја споделам песната со луѓето“.
Доколку ве интересира како звучи оваа песна, отворете го видеото под текстот и видете како изгледа видеото од официјалната химна на претстојното Европско првенство во фудбал.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И’ полицијата греши: Се паркирале на погрешно место, а потоа стигнала казната!

АКО не е место за паркирање, важно е да видите дали сте го паркирале возилото …