(ВИДЕО) Најсочен колач од чоколадо кој се подготвува многу брзо!

Бидејќи обожавам колачи од чоколадо, често ги правам а овој рецепт го споделувам со вас затоа што моментално ми е омилен чоколаден колач. Сочно, меко и многу вкусно и се издвојува вкусот на чоколадото.
Прекрасен, а сепак многу едноставен чоколаден колач, кој изгледа како торта, ќе ги воодушеви сите љубители на чоколадо.
Состојки:
Бисквит:
280 гр меко брашно тип 400
40 гр какао
130 гр шеќер
1,5 лажица оцет
2 лажички сода бикарбона
малку сол
1 кесичка ванилин шеќер
100 мл масло
320 мл топла вода
по избор: 1 лажичка Нес или некое инстант кафе по желба
Прелив:
100 гр чоколадо за готвење
100 гр млечно чоколадо
120 мл слатка павлака
Подготовка: прво просејте ги брашното и какаото во сад, а потоа додадете малку сол, шеќер, ванилин шеќер и сода бикарбона и измешајте ги сувите состојки. Додадете масло, оцет и топла вода во сувите состојки, во кои сте измешале една лажичка Нескафе. Измешајте сè, така што сувите состојки убаво ќе се соединат со влажните.
Премачкајте калап од 20 см со путер, покријте го со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете го колачот во загреана рерна на 180 C околу 40 минути.
За чоколадниот ганаш, прво ќе го исецкаме чоколадото за готвење и ќе го истуриме со топла павлака, а потоа ќе измешаме сè додека не добиеме убава чоколадна смеса со која ќе го полиеме колачот.
Погледнете го видео рецептот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …