(ВИДЕО+ФОТО) НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА ЈА ЛЕДИ КРВТА ВО ВЕНИТЕ – Ја испеала „Ламбада“ и станала најпопуларна пејачка во светот: Судбината која ја доживеала е поморбидна од хорор филм!

Нејзината песна и денес е голем хит!
Своите вештини ги прилагодила со адаптирање на песната на Стиви Вондер „Another star”“ преведена на португалски јазик, а многу американски sвезди биле заинтересирани за нејзините аранжмани и композиции.
Лоалва Браз Вијеира беше бразилска пејачка на групата „Каома“, најпозната по планетарниот хит „Ламбада“, со која сите танцувавме кон крајот на осумдесеттите и раните деведесетти.
Браз е родена во близина на Рио де Жанеиро во 1953. година во семејство на музичари – нејзиниот татко бил диригент, а нејзината мајка пијанистка. Започнала сериозно да се занимава со музика на 13-годишна возраст, па дури и на многу мала возраст и биле доделени бројни национални награди.
Нејзиниот талент се здобил со признание од бројни бразилски поп-уметници како Тима Меи, Емилија Сантијаго, Гала, Каетано Велоса и други кои биле нејзини соработници на снимките од 1975. до 1985. година.

Во средината на 1980-тите, таа се преселила во Париз и настапила во многу земји низ светот. Во 1989. година, Бразилката како вокал на групата „Каома“ ја испеа песната „Ламбада“, која стана голем хит.
Интересно, песната „Ламбада“ е компонирана од водачот на боливиската група „Лос Кјаркас“ и без негова согласност, групата „Каома“ започнала да ја користи песната. Имало остар конфликт околу авторските права, а подоцна, со огромна сума пари непознати за јавноста, било постигнато „примирје“.
Браз компонирала и отпеала 2 песни за филмот „Le Roi Desperados“, а песните како „Tago Mago”, „Dançando Lambada”, „Mélodie D’Amour“ ја одбележаа нејзината кариера. Своите вештини ги прилагоди со адаптирање на песната на Стиви Вондер „Another star“ преведена на португалски јазик, а многу американски sвезди биле заинтересирани за нејзините аранжмани и композиции.

Таа беше член на Француската академија и беше одликуван со престижниот сребрен медал „Prix Thorlet“.

Морбиден крај
Нејзиниот живот заврши трагично на 19. јануари 2017. година, кога нејзиното тело беше пронајдено во изгорен автомобил во градот Санкварема. Според полицијата, двајца мажи упаднале во хотелот во кој живеела и ја ставиле во автомобил, кој потоа бил запален. Според полициската истрага, таа била убиена од еден нејзин вработен.

Фото: Принтскрин/Youtube / ClubMusic80s

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …