(ФОТО) Принцот Хари открил досега непознати детали:„Со Меган се среќавав во супермаркет!“

ПРИНЦ ХАРИ бил гостин на подкастот „Armchair Expert“, воден од холивудскиот актер Дакс Шепард. Открил досега непознати детали од животот.
Тој раскажал како се запознал со Меган Маркл, и го споредил животот во кралското семејство со животот на Труман Бурбанк, кого камерите го следат во чекор уште од раѓањето.

„Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме состанок во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познаваме, испраќавме пораки еден на други. Луѓето ме гледаа, ми даваа чудни погледи, доаѓаа кај мене да ме поздрават“, рекол Хари.
„Имав качулка на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гуми за џвакање има на подот, тотален хаос”, додал тој.
Тој признал дека никогаш не се чувствувал вклопен во кралското семејство.

„Тоа е работа, нели? Нафрлувате насмевка и продолжувате понатаму. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направи тоа на мајка ми. Како ќе се сместам некогаш и ќе имам семејство ако знам дека тоа ќе се повтори “, признал емоционалниот Хари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …