(Рецепт) РУСИНКИТЕ СЕ КОЛНАТ ВО ОВОЈ НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Благодарение на него, тие се толку витки!

Само измешајте ги двете состојки и пијалокот е подготвен
Русинките се познати по витката линија и откривме како го прават тоа. Скоро секоја жена во Русија го започнува утрово со овој пијалок од само 2 состојки.


За подготовка ви требаат:
1/2 чаша кефир или пробиотски јогурт
1 голема лажица мелен лен
Подготовката е прилично едноставна, само измешајте ги овие две состојки, оставете преку ноќ во фрижидер и пијте го секое утро, пред појадок. Овој пијалок ќе ве држи сити долго време, а нема да ви требаат ниту слатки, а ќе нема ниту ненадејните напади на глад. Овој рецепт е добар, исто така, кога сакате да го детоксицирате телото и да се ослободите од вишокот вода.
Се препорачува истата доза да се земе половина час пред спиење.


Еве како овие состојки влијаат на организмот:
Кефирот содржи витамин Д, калциум, протеини, витамин Б12, магнезиум, а една чаша содржи само 100 калории.
Ова е токму една од причините зошто оваа намирница е во редовното мени на Русинките, кои често прибегнуваат кон диета базирана на овој млечен производ и со тоа ја одржуваат линијата.
Лененото семе има корисен ефект врз дигестивниот тракт, го намалува апетитот, а со тоа и тежината. Ги чисти цревата, но може да помогне и во согорувањето на маснотиите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …