ДОНАЦИЈА ОД СРЦЕ – MOZZART обезбеди ЕКГ апарати за болницата во Битола

Според директорката на битолската клиничка болница, д-р Билјана Гагачовска, Mozzart е пример за општествено одговорна компанија која секогаш покажува интерес да помогне во здравството, а оваа донација на ЕКГ апарати е од голема значајност, бидејќидотраените апарати во КОВИД центарот ќе бидат заменети со нови.

Демонстирајќи општествена одговорност и несебична поддршка за здравствените установи во државата, Mozzart уште еднаш ја потврди својата солидарност, хуманост и одговорност.Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ ја продолжи во клиничката болница во Битола, каде изврши донација на ЕКГ апарати наменети за потребите и функционирањето на КОВИД центарот.

“Голема благодарност до компанијата Mozzart за нивната донација. Ова не е прв пат да излегуваат во пресрет на потребите на Клиничката болница Битола, и тоа по нивна иницијатива, и како општествено одговорна компанија да покажат интерес за помагање на здравството. Овој пат Mozzartни донираат ЕКГ апарати за потребите во КОВИД центарот кои што ни се од голема потреба и значајност, бидејќи веќе постоечките дотраени апарати ќе ги промениме и ќе ги обновиме со овие нови донирани ЕКГ апарати.”- изјави при примопредавањето на донацијата директорката на битолската клиничка болница, д-р Билјана Гагачовска.

Ова е трета донација во оваа здраствена установа изминатиов период.

“Од почетокот на пандемијата како компанија се обидуваме да обезбедиме максимална поддршка и помош на здравствените установи во државата. Целосно свесни за нивниот вложен напор, труд,  бескомпромисна посветеност и истрајност, во рамки на нашата кампања „Да бидеме општествено одговорни“ се обидуваме да помогнеме и да излеземе во пресрет на потребите на болниците и медицинскиот персонал. Битолската клиничката болница има огромно регионално значење и токму затоа трет пат реализираме донацијаовде. Овој пат,во консултациисо претставниците на болницата, донирамеЕКГ апарати, кои според нив претставуваат потреба за уште подобро функционирање на КОВИД центарот. Се надеваме дека со оваа донација ќе се олесниеден сегмент во работата на  болницата и дека апаратите што ги донираме ќе значат дополнително подобрување на здравствените услуги кон пациентите” – изјави Сашко Димов, менаџер за корпоративни процесиво компанијата Mozzart.

Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, изминатиот период реализираше голем број на донацииво здравствените установи во различни региони во државата.Од компанијата информираат дека со кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ ќе продолжат и во следниот период.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …