(ВИДЕО) Роберт Де Ниро примен во болница: Актерот се повредил за време на снимање

Славниот актер се здоби со повреди за време на снимањето на нов филм
Роберт Де Ниро бил примен во болница за време на снимањето на филмот во Оклахома. Актерот ја повредил ногата, но тој веднаш отишол во болница во Њујорк да се прегледа.
Според странските медиуми, не е познато за каква повреда станува збор и дали станува збор за сериозна повреда.
„Како и да е, Роберт ионака требаше да патува во Њујорк на две недели, така што нема да има одложувања во снимањето на филмот“, изјавил PR на актерот.

ДеНиро моментално го снима филмот „Killers of the Flower Moon”, каде игра заедно со колегата Леонардо ДиКаприо.

Фото: Принтскрин/YouTube/New York Times Events

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИ БРАНУВАЊА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ПРЕД ПРИКАЖУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА ЛЕЈДИ ДАЈАНА: Во потресна исповед на близок пријател откриени детали од нејзиниот последниот разговор

Последниот повик на принцезата Дајана пред нејзината трагична смрт го открил еден нејзин близок пријател. …