(ВИДЕО) Репортерка во живо известувала за украденото куче и го видела киднаперот како го шета

Репортерката од Бостон, Џулијана Маза, известила за украдено куче по име Титус од соседството, кога забележала човек како шета куче на поводник, кој наликувала баш како Титус.
Кучето беше украдено минатата недела од локален паркинг, а семејството веднаш тргнало во потрага по него и ги алармирало властите.

Кога репортерката го видела кучето, му пришла, го погалила и му ја проверила огрлицата, и се испоставило дека навистина станува збор за украденото куче. Бидејќи програмата била во живо, таа ја искористила можноста да го турне крадецот во еден агол и да му постави неколку брзи прашања во врска со кучето, на кои тој не можел да одговори, па повикала полиција и ја решила мистеријата.
Титус бил вратен кај сопственикот Грег Сишкевич поради нејзината брза реакција, кој бил многу емотивен кога бил информиран дека конечно е пронајдено неговото милениче.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многумина ја носат оваа амајлија а не знаат што значи!

Злото око, познато во грчката култура како „мајка“ (ματι), е проклетство за кое се смета …