(ВИДЕО) Маж на Флорида скокнал во езеро за да го спаси кучето од челуста на алигатор

Маж од Холидеј на Флорида немал многу време да размислува кога алигатор го повлекол неговото куче под вода, оваа недела.
Мајк МекКој шетал со своето куче Џејк, осуммесечен Лабрадор, кога алигатор одеднаш скокнал од блискиот рибник и го вовлекол сиротото куче во вода, пренесува ABC News.
„Сè се случи многу брзо“, рекол сведокот на инцидентот, Кели Мелон.
За да го спаси своето милениче, МекКој скокнал во водата.
„Го заобиколив, го удрив во окото и го извлеков од водата, така што тој немаше каде да оди додека не го пушти кучето“, се присетува МекКој, истакнувајќи дека не се двоумел ниту за момент дали да го спаси своето милениче.

За среќа, ниту кучето ниту неговиот сопственик не биле сериозно повредени. Поминале само со неколку конци.
Комисијата за риби и диви животни во Флорида работи на отстранување на алигаторот, за кој се проценува дека е долг околу 2 метри. Според нивната веб-страница, иако „сериозни повреди предизвикани од каснување од алигатор се ретки“, жителите на Флорида треба да бидат свесни дека „ризик постои“. Тие ги повикуваат луѓето да се држат настрана од алигаторите.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ – Совети кои можат да ви го спасат животот! Ако видите бранови во форма на коцка, веднаш излезете од водата!

Животот не е толку мрачен и опасен како што вестите би сакале да мислите. Меѓутоа, …