(ВИДЕО+ФОТО) Ќе одлучува фото-финишот – Реал ја продолжи потерата по Атлетико

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Гранада на гостувањето во 36. коло од шпанското првенство и ги задржаа шансите да ја одбранат титулата.
На две кола пред крајот на шампионатот, Кралскиот клуб има два бода помалку од градскиот ривал Атлетико и два повеќе од третопласираната Барселона, која има минимални шанси за освојување на пехарот.
Избраниците на Зинедин Зидан поведоа во 17. минута со четвртиот погодок на Лука Модриќ во шампионатот. По асистенцијата на Мигел Гутиерез, искусниот Хрват ја турна топката низ нозете на Руи Силва.
Мадрид двојно ја зголеми предноста во продолжувањето на првото полувреме, а стрелец беше Родриго.

Реал целосно ги контролираше настаните на теренот до 71. минута кога Хорхе Молина го совлада Тибо Куртоа. Белгиецот го одбрани ударот на Луис Суарез, но Молина беше на вистинското место и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата.
Сепак, тимот на Зидан не дозволи неизвесна завршница. Алваро Одриозола со левата нога ја заби топката во мрежата во 75-та минута на асистенција на Еден Азар, а само една минута подоцна Карим Бензема ја искористи грешката на голманот Силва и ги постави конечните 4:1 од голема далечина.

Гранада можеше да го постигне вториот гол во финишот, но Куртоа го одбрани ударот на Суарез.
Во преостанатите две кола, Кралскиот клуб ќе игра во Билбао и ќе го пречека Виљареал, Атлетико ќе игра против Осасуна на домашен терен и оди во Ваљадолид, додека Барселона ќе ја чека Селта и ќе гостува кај Еибар на „Камп Ноу“.
Сите натпревари во недела започнуваат во 18:30 часот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Легендарниот борец има корона и е во тешка состојба, не бил вакциниран: „Ова не е шега“

ЛЕГЕНДАРНИОТ УФЦ борец Диего Санчез е во болница поради коронавирус и е во тешка состојба. …