(ФОТО) Хари и Меган потпишале договор со позната компанија – Истата која поради Меган (кога била дете) сменила реклама!

Откако се откажаа од кралските должности и се преселија од Велика Британија во Калифорнија, принцот Хари и Меган Маркл се силно ангажирани во формирање партнерства насочени кон социјална работа.
Тие прво ја основаа непрофитната организација „Арчевел“, а сега отидоа чекор подалеку. Тие го објавија склучувањето на долгорочното глобално партнерство на „Арчевел“ со Procter & Gamble, пренесува списанието „People“.

Во фокусот на партнерството ќе биде родовата еднаквост, создавањето на инклузивен интернет простор и можноста за закрепнување по тешкотиите преку спортски активности“, се вели во соопштението на непрофитната организација.
Хари и Меган соработуваат со фирма со која 39-годишната Меган контактирала уште додека била малолетник откако ја видела нивнаљта реклама за детергент за миење садови на која пишувало: „Жените ширум Америка се борат со мрсни тенџериња и тави“.
„Имав 11 години кога ја видов таа реклама. Мислев дека е многу сексистичка“, рекла Меган за време на панел дискусијата за Меѓународниот ден на жената пред две години. „Искрено, во тие години не знаев ни што значи сексизам. Само ме погоди и нешто ми рече дека не е во ред“, додала таа.


Таа сметала дека такво нешто не треба да се зборува, бидејќи миењето садови не е работа само на жената. Потоа испратила писмо до големата компанија да го смени тој дел од рекламата во „луѓето низ цела Америка се борат против валкани садови“. Таа успеала во својот план и рекламата била променета. Таа истакнала дека скоро секоја трета реклама кажува нешто што може да повреди нечии чувства.
Сега, преку партнерство помеѓу Фондацијата Арчевел и Procter & Gamble, тие ќе се обидат да изградат поправедна иднина за жените и девојчињата.

Покрај оваа соработка, Хари решил да соработува со 67-годишната водителка Опра Винфри на документарен серијал што се занимава со ментално здравје, за стриминг сервисот Apple TV +.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИТКИ: Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за …