(ФОТО) Елен ДеГенерис после 19. сезони најавила простување од публиката

Познатата водителка Елен ДеГенерис одлучи претстојната 19-та сезона на нејзиното ток-шоу „The Ellen Degeneres Show“ да биде последна, оваа одлука водителката ја разгледувала веќе неколку години.
Попрепознатливата ТВ личност одлучила нејзината претстојна сезона да биде нејзината последна, а тимот ја објавил својата одлука на 11-ти мај.
„Кога сте креативна личност, треба постојано да ве предизвикуваат – и колку и да е одлично и забавно ова шоу, тоа веќе не е предизвик“, изјавила ДеГенерис за Hollywood Reporter, јавно разговарајќи за овој потег.

Времето на заминување е нешто за што ДеГенерис зборуваше отворено во минатото. На профилот на Њујорк Тајмс за 2018 година, таа открила дека нејзината сопруга, актерката Портија де Роси, ја охрабрува да го заврши снимањето на ток-шоуто, кое има 180. емисии годишно. Додека нејзиниот брат комичар, заедно со раководните лица на „Ворнер Брос“, ја убедил да продолжи.
На крајот, ДеФенерис потпишала договор за уште три сезони, но со себе и нејзиниот тим била јасна дека овој договор – со кој ќе направи над 3.000 емисии и неверојатни 2.400 интервјуа со познати личности – ќе и биде последен.
„The Ellen Degeneres Show“ е американска дневна ТВ-емисија, која ја води Елен ДеГенерис. Ток-шоуто дебитираше на 8. септември 2003. година а според се судејќи ќе има 19. сезона.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шехерезада го открила полот на третото дете!

Само една година по пристигнувањето на вториот син, еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит …