НЕ ПРЕСТАНУВААТ СКАНДАЛИТЕ: Ќерката и бившата снаа на Доналд Трамп имале афери со тајни агенти

Последните неколку години во Белата куќа кружеа гласини дека ќерката на Трамп, Тифани и снаата Ванеса, имале интимни врски со своите чувари.
Имено, новинарката Карол Лиониг напишала книга наречена „Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service“, во која само се споменуваат имињата на Тифани и Ванеса.
Меѓу другото, таа открила дека Ванеса и Тифани биле интимни со агентите на тајната служба, кои биле задолжени за чување на семејството додека Доналд Трамп бил претседател на Соединетите држави.


Според „Гардијан“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп јуниор, неа и нивните деца. Не е познато како настанала аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018. година.
Како што напишала Керол, агентот не бил отпуштен, ниту имало последица во професионална смисла.
Тифани, од друга страна, се „вплеткала“ со друг агент, со кого поминала многу време сама. Водачите на тајната служба тогаш, се вели во книгата, биле „загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, темен и убав агент“.
На агентите инаку им е забрането да имаат интимни односи со луѓето што ги штитат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ДОБИ ШЛАКАНИЦА! Инцидент на протест против вакцинацијата во Бугарија

Демонстрант во Бугарија му удрил шлаканица на министерот за образование додека излегувал од зградата на …