ЗА ПЕТ СРЕЌНИ ЖИТЕЛИ – Граѓаните на Охајо кои ќе се вакцинираат учествуваат во лотарија за милион долари

Американската држава Охајо решила да ги мотивира своите граѓани да се вакцинираат против коронавирусот организирајќи лотарија на која пет среќници ќе освојат по еден милион долари.
Гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн рекол дека лотаријата е отворена само за возрасни граѓани кои биле вакцинирани, а првата од петте неделни извлекувања ќе се одржи на 26. мај. ДеВајн рекол дека парите ќе бидат исплатени од средствата на федералната влада за да се помогне за време на пандемијата.
Америка е светол лидер кога станува збор за вакцинирање затоа што досега вакцинирале 58,7 проценти од своите возрасни граѓани.
Успешната програма за вакцинација е клучна во справувањето со пандемијата, а досега во САД биле заразени над 32. милиони луѓе. Тоа е исто така најголемата бројка во целиот свет.
Претседателот на САД, Џо Бајден, објави дека целта на неговата администрација е да се вакцинираат 70. проценти од граѓаните до 4. јули, Денот на независноста на САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) БРАВО: Овој македонски навивач стана ХИТ на интернет- Го дупнал тапанот за МАКЕДОНИЈА!

Овој македонски навивач на нашите фудбалери стана ХИТ на интернет! Тој практично го дупна тапанот …