(ВИДЕО) Мајка за синот изградила мостови до училиште

Грижлива мајка во кинеската провинција Хенан потрошила повеќе од милион јуани или околу 154.000 американски долари за да изгради два метални моста за пешаци до училиштето на нејзиниот син за да се осигура дека тој и другите деца можат безбедно да го поминат патот.
Една жена, идентификувана само по нејзиното презиме, Менг, неодамна за ТВ Хенан изјавила дека патот до училиштето на нејзиниот син секогаш бил пренатрупан кога родителите ги носеле или ги земале своите деца од училиште, без поставени семафори во близина, па преминувањето на патот бил опасна работа и’ за учениците и за наставниците.
Друга причина зошто потрошила пари од свој џеб за да изгради мост за пешаци е тоа што училиштето се наоѓало на пониско тло, а баричките кои постојано се формирале на патот предизвикале нејзиниот син секогаш да се враќа дома со мокри нозе.
„Длабоки дупки исполнети со вода и поради тоа беше многу тешко да се премине патот“, рекла жената.
„Водата се прелеваше по скалите каде што учениците стојат и ги чекаат своите родители. Изгледаа мизерно. Нозете на моето дете знаеја да побелат од водата во барите“.

Двата моста, од кои едниот е скоро завршен, а другиот во фаза на поставување, биле одобрени од локалното биро за домување и урбано-рурален развој, но нивната изградба била исклучиво финансирана од мистериозен добродетел.
Г-ѓа Менг рекла дека никогаш не му кажала на својот син дека платила за новите пешачки премини затоа што не сакала нејзиното дете да биде издвоено од другите деца. Таа само се надева дека нејзината постапка ќе им помогне на децата и наставниот кадар да бидат безбедни и да им овозможат на децата образование.
„Јас само го направив тоа што можев да си го дозволам. По смртта, не можете да земете пари со вас и не морам да оставам премногу пари за моето дете“, рекла жената.
„Јас ќе го наречам мостот ‘Мост на мудроста’ затоа што учениците кои го преминуваат мостот можат да бидат помудри и помудри“.
Оваа приказна привлекува големо внимание во Кина, а повеќето корисници на социјалните мрежи ја фалат жената за нејзиниот добродушен придонес. Можеше да стори толку многу работи за да има корист од тој милион јуани само за себе и за своето семејство, како купување неколку станови или куќа, но наместо тоа, решила да направи нешто за целата заедница.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …