(ВИДЕО+ФОТО) ВНИМАТЕЛНО БИРАЛА: На раката на Меган Маркл омилениот часовник на лејди Дијана, но ѓерданот ја симболизирал женската моќ!

МЕГАН Маркл снимила видео порака по повод концертот „Wax Live“ во Лос Анџелес.
За оваа пригода таа носела црвен макси фустан со цветен дезен и потпис на Каролина Херера. Фустанот од 1.690 долари е од дизајнерската колекција Resort 2021.

Меган носеше, очигледно внимателно одбран накит – златен ѓердан со приказ на „женска моќ“, но и часовникот „Картие Танк“ на принцезата Дајана, омилен моден детал на мајката на принцот Хари.

„Од почетокот на пандемијата, скоро 5,5 милиони жени ја изгубиле својата работа во САД, а други 47. милиони жени ширум светот се очекува да западнат во екстремна сиромаштија“, рекла Меган, без да каже колку мажи ширум светот останаа без работа.
Покрај тоа што направила разлика во однос на полот, таа направила разлика и во однос на расата и истакнала дека пандемијата пред се влијае на жените кои не се со бела боја.

Меган веќе беше љубител на часовници пред да го запознае Хари, но сега е очигледно дека носи работи поврзани со принцезата Дајана кога зборува за важни теми.
Не ги тргнала рацете од трудничкиот стомак, што се гледал под широкиот цветен фустан што сите го гледале.
Меган открила и колку е возбудена од раѓањето на девојчето и откри зошто, меѓу другото, ја поддржуваат глобалната кампања за вакцинација.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …