(ФОТО) На повидок нов скандал!? Хари снимил емисија со Опра, Лејди Гага, Глен Клоуз…! Принцот главен двигател, била вмешана и Меган!

Принцот Хари и водителката Опра Винфри ќе снимаат емисии за менталното здравје.
Новиот проект што принцот Хари го започнал со водителката Опра Винфри привлече големо внимание во јавноста.
Имено, станува збор за емисија за менталното здравје, во која принцот е еден од креаторите и извршните продуценти.
Емисијата ќе се емитува наскоро, но нема да биде бесплатна.
Во краткото видео во кое го најавува својот нов проект, принцот Хари предупреди дека повеќето луѓе носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага.

Се шпекулира дека во првата емисија, тој ќе зборува за неговата траума предизвикана од загубата на неговата мајка, принцезата Дајана.
Постои можност тој да се повика и на фактите што неговата сопруга Меган Маркл ги изјави во шокантно интервју со Опра Винфри.
Оваа серија ќе има неколку делови, а како што пренесуваат странските медиуми, направени се интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз, како и со НБА ѕвездите Демар Дерозан и Ленгстон Галовеј.
Опра Винфри емитувањето на првата епизода ја најавила за 21 мај.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Шерон Стоун ја покажа линијата во костим за капење: „Важно е да се грижите за себе“

64-годишната актерка на социјалните мрежи се пофали со линијата во костим за капење. Таа ја …