Трето издание на Грчкиот филмски фестивал: Репрезентативна програма со филмовите на Динос Димопулос и Јоргос Лантимос

Tретото издание на Грчкиот филмски фестивал, кој оваа година согласно сеуште актуелните пандемиски услови, а заради целосна извесност при реализацијата ќе се одржи во телевизиски формат, со емитување на целата фестивалска содржина на националната телевизија АЛФА.
-Посебно сме горди на овој проект, кој е создаден и изграден од чиста верба во уметноста, во луѓето, во моќта на филмската уметност да го поттикнува и потхранува дијалогот помеѓу културите и народите и луѓето генeрално – велат организаторите.
-Ја подаруваме оваа можност пред се на македонската публика да ја запознае поблиску грчката филмска уметност, но и грчката култура воопшто, но во исто време се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другата страна да овозможи на грчката јавност и публика подлабоко и подетално да ја запознае македонската кинематографија и култура.
Програмата на фестивалот е составена од 6 долгомeртажни играни и документарни филмови.
-Како и да звучи, јас се чувствувам среќен што успеав да го иницирам и заедно со мојот тим да го реализираме овој фестивал и тоа по трет пат.” – вели креаторот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, кој е воедно и директор на веќе познатиот и етаблиран Меѓународен филмски фестивал КИНЕНОВА.
Програмата е исклучително репрезентативна и разнолика и вклучува филмови од повеќе различни генерации на грчки режисери, меѓу кои и прославените и веќе легендарни грчки режисери со светска слава: Динос Димопулос и Јоргос Лантимос.
Преку двата филма на режисерот Димопулос всушност ќе биде претставена и таканаречената златна ера во грчката кинематографија која се случува во 60-тите години на минатиот век.
Ексклузивно за првпат пред македонската јавност ќе биде прикажан и првиот филм на веќе светски прославениот грчки режисер Јоргос Лантимос, “Мојот најдобар пријател”. Во склоп на програмата ќе бидат прикажани и одлични филмови од најновата грчка филмска продукција меѓу кои и документарниот филм “Човек делфин”
Фестивалот е организиран од Здружението АРТ СИНЕМА Скопје и Филмскиот фестивал КИНЕНОВА.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шехерезада го открила полот на третото дете!

Само една година по пристигнувањето на вториот син, еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит …