Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство
Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа има поширока намена, па затоа може да ви помогне при многу здравствени проблеми, доколку го користите правилно и редовно.
Сода бикарбоната е еден од главните состојки во многу здравствени препарати, па затоа често се користи за нега на кожата, бидејќи отстранува разни неправилности.
Сода бикарбона не се препорачува за секого, бидејќи нејзиниот раствор може да се апсорбира преку кожата, па во тој случај треба да се избегнува ако:
– имате сериозна инфекција
– имате отворени рани
– имате дијабетес
– имате срцеви заболувања
– сте бремени или доите
– ако сте алергични на сода бикарбона
– ако сте склони кон несвестица


1. Акни
Сода бикарбоната е природен антисептик и може да помогне во намалување на бактериите кои предизвикуваат акни, но во никој случај не се препорачува да го миете лицето со неа.
Измешајте сода бикарбона со вода и нанесете ја добиената паста на акните, а по 15. минути исплакнете.

2. Егзема
Мора да нагласиме дека сода бикарбоната не е лек за егзема, но може да помогне во ублажување на чешањето што се јавува како резултат на егзема. Препорачливо е во топла бања да додадете 1/4 чаша сода бикарбона и да се капете во неа 10. до 15. минути. После тоа, исушете ја кожата со крпа и нанесете лосион за да ја хидрирате кожата.

3. Мали сипаници
Користењето бања со сода бикарбона и овесна каша може да помогне во намалување на чешањето и црвенилото предизвикано од вирусот. Во бањата додадете една чаша сода бикарбона и овесни снегулки и капете се во неа 20 минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Шерон Стоун ја покажа линијата во костим за капење: „Важно е да се грижите за себе“

64-годишната актерка на социјалните мрежи се пофали со линијата во костим за капење. Таа ја …