Донација од 400 пакети со месни производи од Слога Пром за семејствата во социјален ризик

Кавадаречката компанија Слога Пром донира 400 пакети со замрзнати месни производи за семејствата од исламска вероисповед кои се во социјален ризик. Ова е втора донација од компанијата за социјално загрозените семејства после велигденската, а од таму велат дека поводот за донацијата е празникот Бајрам но целта е да им се помогне на семејствата коишто како резултат на последиците од кризата предизвикана од пандемијатасе најдоа во лоша социјална ситуација.

“Егзистенцијалните предизвици станаа се поголеми и почести последнава година, многу семејства ги изгубија единствените извори на средства за да го прехранат семејството. И ова се проблеми што се случуваат насекаде околу нас и на кои, ни како компании, ни како граѓани, не смееме да вртиме поглед. Поразително е денес некој да нема да го прехрани семејството, и како компанија што се занимава токму со храна, свесни за потребите на овие семејстваи верни на својата општествена одговорност, Слога Пром заедно со своите вработени донира и понатаму ќе ја дава својата помош секаде каде е потребна”, вели Ласко Јованов, управител и менаџер за увоз во Слога Пром.

loading...

Распределбата на дониранитепроизводи се одвива преку ИВЗ Скопје, Џамиски одбор Кавадарци и преку Хуманитарна група граѓани од муслиманска вероисповед во Битола.


Покрај оваа, последнава донација, неодамна во пресрет на велигденските празници Слога Пром донираше уште 600 пакети со производи, така што од компанијата се распределени вкупно 1000 пакети со разни производи за семејства низ целата држава. Со дополнителна донација е поддржан и Проект Среќа при што семејствата и од овој проект се снабдуваат со пакети прехранбени производи од Слога Пром.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 81 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …