Како да се ослободите од нередот во фиоката за прибор за јадење?
Дизајнерот на ентериери, од каналот „мајсторскооко“, на својот Инстаграм профил сподели совршен трик за организирање фиоки во кои чуваме лажици, вилушки и ножеви.
Организирајте го кујнскиот простор со помош на скриена фиока што лесно можете да ја направите.
Сите знаеме колку може да изгледа преполно, особено кога сметаме дека имаме по една фиока за се. Особено проблематичен е гломазниот прибор за послужување и мешање на храна, како што се црпалки, дрвени лажици, големи ножеви и слично. Доаѓаме во ситуација кога не можеме да ја затвориме ни фиоката.
Овој едноставен трик се состои во тоа во една подлабока фиока да направите лизгачка преграда што ќе направи дополнителна фиока.
Со едноставно отворање на преградата, доаѓате до додатоци што ги користите поретко.
Ова ќе ги направи фиоките средени цело време и секогаш ќе знаете каде што ви се наоѓа.
Погледнете како точно изгледа оваа скриена фиока на видеото подолу.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram/ majstorskooko