Како изгледа животот во оваа зграда?
Витијер на Алјаска е поспан град, сместен помеѓу живописните планини. Но, ако замислувате куќи од бајките низ целиот град, не можете да бидете подалеку од вистината.
Наместо тоа, на работ на градот, стои зграда од 14. ката наречена „Бегич кула“ – поранешна касарна, налик на стар хотел, во кој живеат повеќето од 200 жители на градот.
Сите жители на овој град работат или во училишта или во компании поврзани со железницата.
Во таа зграда има пошта, црква, продавница и канцеларија на зградата, а има и тунел што води кон училиштето преку улицата.
Во зградата порано постоела клиника, а во градот има еден лекар, но тие се преселиле во друга зграда. Постои и дежурна служба за итна медицинска помош каде што луѓето волонтираат. Посериозни итни случаи се пренесуваат во блискиот град Енкориџ.
Причината зошто скоро сите живеат во оваа една зграда е што никој не може да купи имот за да изгради куќа таму затоа што се’ е во сопственост на железницата, но многумина поседуваат станови во главната станбена зграда, додека мал процент изнајмува.
Витијер е сезонски град кој се затвора во зима, додека во лето е многу жив. Луѓето што живеат таму се вработени во училиштето, железничката компанија, компанијата за тунели и на неколку други места.
Фото: Принтскрин/Youtube/ CNN