Медитеранската исхрана е една од најздравите. Затоа не е изненадувачки што намирниците што ја сочинуваат се многу добра за здравјето на луѓето. Особено маслинките каламата, кои своето име му го должат на грчкиот град Каламата.
Карактеристика на овој вид маслинки е нивната темно виолетова боја. Тие се сушат во солена саламура што предизвикува ферментација и го убива нивниот природно горчлив вкус. Можете да ги најдете во скоро секоја продавница, и добро се вклопуваат со многу јадења или можат да се грицкаат сами.
Иако се богати со маснотии, тие се здрави масти, како онаа што ја консумирате кога јадете авокадо и ореви. Маснотиите во маслинките каламата главно се состојат од олеинска киселина, за која студиите покажале дека се корисни во спречување на срцеви заболувања и висок крвен притисок и холестерол, пишува Woman’s World.
Каламата маслинките содржат и олеуропеин, полифенол за кој студиите покажаа дека може да го заштити мозокот од формирање на плак што предизвикува Алцхајмерова болест.
Иако можеби сте во искушение да изедете цела тегла маслинки каламат, запомнете дека тие имаат голема количина на натриум, па затоа тоа треба да биде во умерени количини. Препорачаната доза е три до пет маслинки по оброк.
Фото: Принтскрин/Instagram