Министерство за култура: Информација за исплатата на реализирани проекти од програмата за 2020 г.

Владата на Р.С. Македонија со заклучок од седницата одржана на 09.02.2021 год., го задолжи Министерството за култура  да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност.

Министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за  музичка и сценско-уметничка  дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.

Свесни сме Министерството дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците.

Министерството за култура сè  уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година.

Затоа, Министерството за култура и во овој период ги презема сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба, и на Владата ќе и достави предлог за разрешување на оваа несакана ситуација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ОД ОРКЕСТАРОТ ЗА ПУБЛИКАТА“ „ОПЕРА БЕЗ ЗБОРОВИ“ – Отворање на фестивалот „Скопско лето“ на 21.06.2021 од 21.00 часот.

На 21.06.2021 година со почеток во 21 часот, во салонот на Националната опера и балет …