ВО РАМКИ НА 12.ИЗДАНИЕ НА „ВЕЧЕРИТЕ НА ЖЕНСКИ ПРАВА“, ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ ОД 14 ДО 16 МАЈ

„Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Годинешното издание на „Вечерите“, следејќи ја глобалната состојба со ковид-19 и здравствените препораки, се одржува во хибриден формат, комбинирајќи настани кои во текот на март се одвиваа онлајн и со физичко присуство, а од 14 до 16 мај ќе се емитуваат филмски проекции во Кинотеката на Северна Македонија.

Во рамките на филмската програма на дванаесеттото издание на „Вечерите на женски права“, во периодот од 14 до 16 мај 2021 година, со почеток од 20 часот, во летното кино на Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржат проекции на три документарни филма. Влезот на проекциите е бесплатен, а во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во кино-салата на Кинотека.

Целосната програма може да се проследи на следните линкови:

https://www.womensrightsnights.net/ и

https://www.facebook.com/womensrightsnights.net/.

 

14.05.2021, 20:00ч – „ФОРТЕ“

Режија: Дејвид Донели / 2020 година / 60 мин /

Аргентина, Франција, Германија, Норвешка, Португалија, Русија, Велика Британија, САД

Форте е колажен документарен филм кој ги предизвикува популарните, но застарени поими за успех во класичната музика преку брз наратив на три жени уметници: Татјана Берман, Лусија Карузо и Елдбјерг Хемсинг. Нивните приказни се контекстуализирани со искрени коментари од некои од најдобрите светски класични музички личности, вклучувајќи ги Пааво Јарви, Тан Дан, Јо Ан Фалета и Ксенија Башмет

15.05.2021, 20:00ч – „Денот на жената“

Режија: Долија Гавански / 2019 година / 85 мин /

Велика Британија и Русија

Воодушевувачки приказни на жени од СССР – пионери и преживеани – кои ги откриваат своите животи од револуцијата во 1917 година до денес. Интимна, изненадувачка, смешна, ексцентрична, болна и контрадикторна – ова е непозната историја на рускиот феминизам.

16.05.2021, 20:00ч – „Тоа е тинејџерски свет – Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ”,

Режија: Лин Глазиер / 2009 година / 45 мин /

Канада

Внатрешен поглед на културата на сексуалното вознемирување и малтретирање широко распространета меѓу тинејџерите денес. Овој уникатен филм ја испитува цената што адолесцентите, особено девојките, мора да ја платат за да бидат кул и популарни во нашиот храбар нов вмрежен свет.

Годинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје, под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ОД ОРКЕСТАРОТ ЗА ПУБЛИКАТА“ „ОПЕРА БЕЗ ЗБОРОВИ“ – Отворање на фестивалот „Скопско лето“ на 21.06.2021 од 21.00 часот.

На 21.06.2021 година со почеток во 21 часот, во салонот на Националната опера и балет …