Знаци дека можеби сте прележале ковид а и да не сте знаеле за тоа

Најбезбеден начин да се утврди дали сте имале коронавирус е да се испитаат антитела – кои не дијагностицираат ковид 19, но можат да покажат дали телото веќе се борело против вирусот. Сепак, постојат и одредени физички симптоми кои можат да укажуваат на инфекција во минатото.

Треба да се прашате дали имате „пролонгиран ковид“ – одредени симптоми укажуваат на овој синдром, што логично е знак на претходна инфекција.
Ова се петте најчести последици што ги остава ковид 19 врз здравјето.

Активноста лесно ве заморува
Оние кои имаат пост-ковиден синдром може да имаат лузни на белите дробови или срцето, што вежбањето го прави невозможно или опасно. Многумина исто така доживуваат исцрпувачки замор или малаксаност после напор. Можеби ќе можете да се движите во текот на денот, но плаќате за тоа – со мигрена, замор или болки во мускулите – ден потоа.

Тешко е да се концентрирате
Овој феномен е познат како мозочна магла. Бидејќи влијае на белите дробови и респираторните органи, вирусот влегува во некои центри на мозокот, а исто така создава проблеми таму.

Имате отежнато дишење
Дури и по благи симптоми на ковид, некои луѓе имаат потешкотии со дишењето или постојана кашлица која трае со недели или месеци. Овие симптоми исто така можат да бидат резултат на недијагностицирана инфекција. Може да имате проблеми со качување по скали или да се уморите за време на обични активности како што се миење садови.

Ве болат мускулите
Мијалгијата е честа последица на ковид 19 – и всушност е најчестиот симптом. Мускулна болка може да се појави на еден дел од телото или насекаде, почнувајќи од лесна до неподнослива. Иако повеќето болки во мускулите поминуваат сами по себе за кратко време, понекогаш болката може да трае со месеци. Мускулната болка може да се развие скоро на кое било место во вашето тело, вклучувајќи ги вратот, грбот, нозете, па дури и рацете.

Постојано сте уморни
Друг чест симптом. Не можете да ги исполнувате своите обврски дома или на работа: немате енергија. Дури и’ рутинските активности ве прават многу уморни. Оние кои имале ковид 19 може да имаат воспаление што исто така влијае на мозокот или намален проток на крв во мозокот, што е објаснување за оваа последица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …