(ВИДЕО) Tesla Cybertruck кампер е хит – 60.000.000 долари во нарачки

Голем број луѓе се пријавија да ја купат новата Tesla Cybertruckмодифицирана во кампер.
Камперот Tesla Cybertruck ќе биде апсолутен хит, со мијалник, мини кујна, тоалет, туш, ТВ и две столици кои стануваат двоен кревет, плус има простор за две деца.
Собраниот тим инженери работел со компанијата „Мунро и соработниците“, а за дизајнот на овој автомобил бил задолжен Сенди Мундро, а славата неодамна ја стекна со анализа на автомобилите на Тесла на YouTube.
Физички прототип сè уште не постои и ќе се користат композитни материјали за да се изгради, а има и визија за инсталирање на соларен панел со безбедносен систем од 360 степени.
Се наведува дека веќе се нарачани над 1.350 вакви автомобили Cyberlandr, чија цена се движи од 39.995 до 49.995 долари, а депозитот е од 100 до 500 долари, а се наведува дека нарачките вредат околу 60. милиони долари.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …