(ФОТО) Сообраќајна несреќа му го уништила лицето: Каде се сега Анита и Дрезик од „Непослушни години“?

Во средината на 90-тите години, на малите екрани се појави серијата „Непослушни години“, што влијаеше на животот на многу тинејџери.

Цела една генерација ја гледаше австралиска ТВ-серија за група средношколци и нивните љубови, проблеми, пакости. Многу актери ја минаа низ серијата, но сепак фокусот беше на приказната за Анита и Дресик, веројатно најпопуларниот пар во историјата на тинејџерските серии.
Да потсетиме, Калан Малвеј, кој го играше Дрезик и Лака Кокс, која го играше ликот на Анита, ја пренесоас својата љубов од серијата во приватните животи. За жал, нивната врска не траеше долго и парот се раздели на почетокот на две илјадитите.
Секој тргна по својот пат и иако постигнаа голем број значајни улоги, нивниот приватен живот беше во фокусот на интересот на странските медиуми.
Калан Малвеј со години се забавуваше со Лара Кокс, партнерката од серијата, а денес е во брак со Рејчел Томас, со која има ќерка. Тој глумеше во холивудските блокбастери „300: Подемот на империјата“, „Капетан Америка: Зимски војник“ и „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Callan Mulvey (@callanmulveyfp)

Во 2003. година, тој доживеа сериозна сообраќајна несреќа, што остави трајни последици на неговото лице: „Мислев дека со мене е готово. Закрепнувањето траеше долго, бидејќи целото лице ми ‘падна’. Сепак, можеше да биде многу полошо. Неверојатно е што го поминав ова, бидејќи лекарите им рекоа на моите родители, веднаш по несреќата, дека најверојатно нема да преживеам, и ако го сторам тоа, ќе вегетирам затоа што мојот мозок претрпе сериозна штета“, рекол Малвеј во една прилика.
Неговата колешка и поранешна љубов, Лара Кокс, продолжи да глуми во серии како „Закон и ред“, „Време и место“, „Далеку од дома“. Многу мажи беа заљубени во Анита, а денес таа има 43 години и изгледа скоро исто како во серијата и не остаре многу. Приватно, таа води тивок семеен живот, мажена е и има два сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GcastilloR (@efemerides_de_famosos)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …